Сутерен.мк

Зошто хероинот има херојско име?

Да, зборот хероин потекнува од грчкиот збор херос, од којшто потекнуваат и херој и хероина. Иако во целиот свет производството и продажбата на хероинот одамна се смета за противзаконско, овој дериват на морфиумот најпрвин се користел како средство против болки!

Хероинот на почетокот бил службено име на производот на една германска фармацевтска фирма, свесно одбрано со цел кај луѓето да поттикне позитивни асоцијации. Новиот производ не само што ја ублажувал болката, туку имал и „дополнително дејство“ – кај корисникот предизвикувал восхит и, како што денес добро знаеме, лажно чувство на моќ.

И покрај тоа што овие пропратни појави можат да бидат смртоносни, токму поради нив лекарите го препорачувале како одлично средство за  смирување на болките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *