Неотворена игра на Нинтендо, Супер Марио Брос од 1986 година, продадена е на аукција во Америка за 660 000 долари. Играта е купена во 1986 година, како подарок за Божик, ставена е во фиока и заборавена неотворена се до почетокот на оваа година.
Аукциската куќа Херитиџ од Далас, соопшти дека играта е продадена вчера. Херитиџ вели дека тоа е најдобрата копија на играта за која се знае дека е професионално оценета на аукција. Последната неотворена игра (од 1987 година) што е продадена на аукција ја достигна цената од 114 илјади долари минатото лето.
Зошто некој би купувал вакви работи? Немаме ние поим обичните смртници, што се случува во Силициумската долина.