Сутерен.мк

Илија Димитриевски: Леб ли е проблем?!

Во мирнодопски услови плус, при државни субвенции за производителите на храна, значи и на пекарската индустрија, деновиве Македонија остана без леб во гранапите. Се налутија пекарите што им ја замрзна власта цената на лебот на 33 денари од векна и „папокот на светот“ остана без една од основните цивилизациски придобивки – лебот.

Секако дека никој нема да остане гладен без конфекциските векни во маркетите. Илија Димитриевски, кој е пекар повеќе од 25 години, нуди едноставен и брз рецепт за вистински, домашен леб.

Ви треба брашно, вода, сол, квасец и малку добра волја…

Состојки

1 кг. брашно

20 гр. сол

40 гр. квасец.

½ литар млака вода

Подготовка

Квасецот (и свеж и сув – но сув се става 14 гр.) се раствора во филџан млака вода и пола лажиче шеќер) и се става во брашното, солта и водата.

Се меси 30 минути (рачно), додека не почне тестото да се одлепува од дланките. Садот во којшто е тестото, се покрива со платно или фолија и после половина час се премесува. После половина час се премесува уште еднаш, па се обликуваат топчиња или векни.

Оформеното тесто се става на подмачкана тава со масло и брашно, се покрива со платно и се остава да „одмори“ на собна температура уште половина час.

Се пече на претходно загреана рерна на 230 до 250 степени околу 30 минути.

Готовиот леб е околу 1 500 грама или три до четири векни леб.

  • Илија Димитриевски после години борба со бирократијата, неправдите, корупцијата и политикантството во земјава преку бизнисот со сопствените бурекџилници, одлучи да ја напушти Македонија, како и многумина други.

Во моментов живее и работи во Црна Гора. Вели дека е задоволен од егзистирањето таму: „Цените се исти како и во Македонија, но платите се двојно поголеми. Тоа е тоа.“

Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *