Сутерен.мк

Исчезнати лица во поплавите во Грција

Во невремето „Даниел“ што во вторникот ја зафати Грција и предизвика поплави и катастрофални штети во повеќе места во централниот дел на земјата, за исчезнати се водат седум лица, меѓу кои и двајца туристи од Австрија.

Бројот на исчезнати до вчера беше четири лица, додека пак денеска бројот се зголеми на седум лица. Во поплавите, животот го загубија десетмина, а спасени се стотици граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *