Сутерен.мк

Македонските одбојкари го завршија настапот на Европското првенство

За најдобрата македонска одбојкарска селекција ова беше трет и досега најуспешен настап на европските првенства. Самиот пласман во осминафиналето, меѓу 16-те најдобри европски репрезентации, е голем успех за македонските одбојкари
Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство (ЕП) откако вечерва во Бари загуби во осминафиналниот меч од домаќинот Италија со убедливи 3-0 во сетови.

Сепак, учеството во осминафиналето и пласманот меѓу најдобрите 16 европски репрезентации е голем успех за најдобрите македонски одбојкари.

Во вечерашниот меч актуелниот светски и европски првак беше пресилен противник за избраниците на селекторот Јошко Миленковски. Македонските одбојкари уште пред самиот почеток на натпреварот ставија до знаење дека осминафиналниот дуел со Италија ќе биде за уживање и круна на нивните кариери.
Првиот сет Италијанците го добија со 25-20, вториот со 25-12, а третиот го решија во своја користи со 25-15.

Инаку, за најдобрата македонска одбојкарска селекција ова беше трет и досега најуспешен настап на европските првенства.

За потсетување, во рамките на групната фаза, која се играше во Скопје, македонските одбојкари го освоија четвртото место во групата Ц и по првпат во историјата обезбедија осминафинале и пласман меѓу најдобрите 16 европски селекции.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *