Сутерен.мк

И Депардје обвинет за силување!

Францускиот актер Жерар Депардје обвинет е за силување, кое наводно го сторил летото во 2018 година врз една млада актерка.

Жената која ја поднела тужбата во август 2018 – та тврди дека Депардје во два наврати ја силувал во неговиот дом во Париз. Тогаш обвинителството го одбило нејзиното барање, па актерката чие име не се споменува, побарала случајот да го води истражен судија.

Адвокатот на прославениот актер изрази жалење затоа што веста допрела до медиумите. Депардје (72) е на слобода и без судска контрола и ги оспорува целосно обвинувањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *