Сутерен.мк

Тајгер Вудс повреден во сообраќајка

Најдобриот голфер на сите времиња, претрпел повеќекратни повреди на ногата во сообраќајна несреќа во Калифорнија. Повредите на ногата не се опасни по живот, но веќе му се извршуваат операции врз неа, соопшти американската спортска телевизија ESPN.

Во сообраќајката не учествувало друго возило, а Вудс од смачканиот автомобил го извлекувале пожарникари и болничари.

Четириесетипетгодишниот спортист во досегашната кариера има освоено 15 најпрестижни титули во голф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *