Сутерен.мк

Потсетување на обвинувањата против Вуди Ален

Филмот „Ален против Фароу“ што од неделата се прикажува на каналот ХБО, се состои од четири дела и во него се наоѓаат низа сведочења за неговото наводна сексуална злоупотреба на посвоената ќерка.

Дилан Фароу, посвоената ќерка на Миа Фароу и Вуди Ален, во филмот повторно потврдува дека режисерот сексуално ја злоупотребувал во август 1992 година, кога имала само седум години. Ален неколкупати ги одби овие обвинувања.

„Авторите на документарниот филм не ги интересираше вистината“, изјави Ален, додавајќи дека „ иако тој напад со просечен квалитет привлекува внимание, не може да ги смени и фактите!“

Многу актери се дистанцираа од Ален кога во 2017 година Дилан Фароу соопшти дека режисерот ја злоупотребувал. Платформата Амазон во 2019 година пак, го раскина договорот за продуцирање на четири филма со познатиот режисер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *