Сутерен.мк

И срцето доби цена!

Француската лабораторија Карма соопшти дека нивното вештачко срце Аесон, претставува вистинска алтернатива во трансплатацијата на срце!

Иако протезата има 900 грама (вистинското срце тежи 300 грама), од лабораторијата велат дека се многу задоволни од позитивните повратни информации за нејзиното вградување, како во комерцијална смисла, така и од клиничките испитувања.

Цената на апаратот не е официјално соопштена, но се шпекулира дека тој ќе чини 160 илјади евра, колку што чини и пресадувањето на вистинско срце, со таа разлика што не мора да барате донор, а и постоперативното опоравување е многу пократко.

Карма е основана во 2008 година, првата продажба на вештачко срце ја објави во јули о.г., а до сега тоа е вградено во шест пациенти – кај двајца во Италија и четворица во Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *