Сутерен.мк

Како Гинтер ги обедини Србите

Австриска НВО бубашваба реши на денот на кој во Србија луѓето се сеќаваат на своите најмили кои ги изгубија во бомбардирањата на НАТО, да се чатали со своја слика од Белград со раширено знаме на Алијансата. Така ли, брате Гинтере?

Гинтер/Гунтер Фелингер води некоја про-НАТО невладина организација од Австрија, страсно се залага за проширување на НАТО, независност на Косово, уа Србија, такви работи.

Ништо страшно, ни прв, ни последен. Само да не беше толкав морон па на самиот ден на одбележување на годишнината од бомбардирањето на НАТО на Југославија, н Твитер да не споделеше своја слика во Белград, со раширено НАТО знаме.

Ќе да е тоа малкуцка провокација од еден странец, ако се знае дека на тој ден во Србија се палат свеќи за настраданите цивили и други луѓе во операцијата на Алијансата во која не се гаѓаа само воени цели туку и цивилни објекти, мостови, телевизии, пруги….

Ова се само дел од најмладите на кои бомбите на НАТО им ги избришаа насмевките и радостите на детството

Не требаше многу за да се дочека реакција на провокацијата.

Му ги најдоа меиловите, му го најдоа Воцап бројот и тоа масовно се прошири по мрежите. Стотици и стотици пораки има добиено, која од која понепријатни.

Му ги ставаа податоците на нивниот “Пазар 3“, за коли и прасиќи
Имаше и дописници од Австрија

Важно да се напомене дека, според негово кажување, Србите масовно му праќале и дикпикс, а тој тие слики ги чувал, наводно како доказен материјал. Добро.

Српската љубов кон Гинтер се прелеа и на бандери

Ваквата ситуација стана премногу жешка за Австриецот и тој бргу замина за Косово, каде кажа дека се чувствува многу побезбедно.

Од таму продолжи со глупите провокации па предложи да се отстрани споменикот на Милица Ракиќ во Белград и на истото место да се постави споменик на Медлин Олбрајт, онаков каков што имаат на Косово.

Милица Ракиќ беше тригодишно девојче кое загина во НАТО бомбардирање, додека била во купатило во домот во Батајница и е едно од 79-те деца од Србија кои загинаа во 78 дневната распаљотка на НАТО.

Дека Гинтер Фехлингер е пола човек – пола шупак говори и она што му рекол на внукот на Хасан Приштина кога се виделе на Косово. Елем, ја фатил работата уште од далеку па му се извинил што Австрија не го поддржала Косово во 1912 година.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *