Доколку го немате во себе оној икс фактор или по „нашки“ речено, не сте со „ѕвезда“ родени, многу е тешко да се остави добар впечаток уште при запознавањето. Но, за среќа, постојат и некои „трикчиња“…
Благо навалете се кон соговорниците
Кога личноста ќе ви се обрати, навалете го телото накај неа – така ќе и ставите до знаење дека ви е важно што има да ви каже. Валвата почит сигурно ќе ја запамети и возврати во иднина.
Поставувајте асални прашања
Нема поглупаво и поздодевно од дрдорење за времето, гужвата во сообраќајот, спортот и тоа дека политичарите (барем, нашите) сите се исти! Прашајте нешто на кое не може веднаш да се одговори, а што е поврзано со личноста со која разговарате и нејзиниот свет.
Обраќајте им се со името
Нема да верувате колку е ефектно кога некому му се обраќате со неговото лично име! Луѓето едноставно, сакаат да го слушаат своето име од туѓа уста, тоа им ласка, но и ја држи личноста која го исговара подолго во нивните мисли. Во секој случај, избегнувајте ги имбецилните и простачки „неутрални“ обраќања како „хеј, еј, девојко, госпоѓо, господине, другар, девојче, жено…“