Сутерен.мк

Филмови со „згрешени“ наслови

Верувале или не, филмот „Казабланка“ (1942) е направен откако не успеал драмскиот текст на Мареј Барнет и Џоан Алисон да си најде место во некој театар. Во „филмувањето“, сменет му е и насловот – оригинално бил „Сите доаѓаат во локалот на Рик“.

Пред да го избере ефектниот наслов „Палп фикшн“ (1994), Квентин Тарантино ова свое филмско дело го нарекувал „Црна маска“, по истоимениот американски магазин, кој од 1920 до 1951 година објавувал крими приказни.

Научно-фантастичниот хорор на Ридли Скот „Осмиот патник“/ „Alien“ (1979), првобитно се викал „Ѕверот од вселената“.

Романтичната комедија „Убава жена“ (1990), авторот на сценариото Џонатан Фредерик Лотон ја нарекол „3 000 долари“, но и концептот на филмот бил сосема поинаков и помрачен. Кога се отишло во олабавување, се сменил и насловот, се во знакот на музиката на Рој Орбисон.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *