Сутерен.мк

Кога е за прв пат употребено ОК?

Најупотребуваната кратенка на светот, ОК, за прв пат е употребена на 23 март 1839 година во весникот „Бостон морнинг пост“.

На почетокот оваа кратенка била АС (all correct), но бидејќи било многу полесно за изговор, тоа е променето во ОК (ol correct). Набрзо, кратенката станува популарна и широм Европа, а богами и денес добро се држи!

Теориите од каде потекнува изразот се многубројни, но „вода држат“ само неколку:

  • Во американската војска О.К. означувало known order – „наредбата е прифатена“, но и како „нула убиени“.
  • Прекарот на американскиот претседател Мартин ван Бјурен бил Old Kinderhook, но често го именувале само како О.К.
  • Некои се убедени дека кратенката значи „наредба на кралот“ – Order of the king.
  • Дека извор е Индијанскиот збор okeh – „така е“, а бидејќи се смета дека и англискиот израз „океј“ потекнува од него, многумина лингвисти веруваат дека и ОК е од истиот корен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *