Сутерен.мк

Дали доволно си посветувате време?

Љубовта кон себеси не е исто што и себичност, туку пред се, грижа за себе и тоа е нешто што не треба да се запостави. Следните забелешки би можеле да ви помогнат да дознаете дали недоволно си посветувате време, доколку…

Постојано се споредувате со другите: пријателите, партнерот, соработниците, но и со тоталните странци на социјалните мрежи.

Никогаш да не се ставате на прво место не е знак на никаква жртва, освен на негрижа за себеси. Да се биде добар пријател, партнер, родител, секако дека бара одредено жртвување, но, ако не се грижите за себе, како може да му помогнете на некој друг?! Рамнотежа, рамнотежа…

За да им се допаднете на другите подготвени сте да ги погазите своите убедувања и да правите нешта што не ги сакате. За да не бидете несреќни, повеќе грижете се да не се разочарате себеси отколку очекувањата на околината.

Хроничниот умор е основен знак дека сте физички, психички, емоционално… како и да е, важно е дека сте – исцрпени. Баталете ги потребите на другите и одете на одмор.

Честата раздразливост, вознемиреност е сигурен симптом дека не се грижите доволно за себе. Понекогаш, сите сме на работ. Меѓутоа, ако тоа се случува секој ден, за најбанални работи, дајте си пауза, земете здив, изолирајте се или одете некаде со некоја блиска личност…

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *