Сутерен.мк

Колку деца има Илон Маск?

Најбогатиот човек на светот Илон Маск и директорката на една од неговите компании, Шивон Жилис добиле близнаци во ноември 2021 година.
Имено, Шивон Жилис ја менаџира компанијата „Неуралинк“, која развива мозочни чипови, а во која коосновач и претседател е Илон Маск.

Како што се наведува во светските медиуми, во април Илон и Шивон поднеле барање за промена на презимето на близнаците за да им се додаде татовото презиме на децата.
Судијата во Тексас во мај го одобрил ова барање.

Инаку, Жилис неодамна била посочена како една од главните кандидати на кои Илон планира да им го довери водењето на Твитер, кој го купи за 44 милијарди долари.
Жилис има 36 години, а на нејзиниот профил стои дека е управител на операции и специјални проекти во компанијата „Неуралинк“. Таму почнала да работи во мај 2017 година, а истиот месец е именувана и за проект-менаџер за вештачка интелигенција во „Тесла“, каде што работела до 2019 година.

Најбогатиот човек на светот, според овие информации, сега има девет деца. Со канадската пејачка Грајмс има две, а преостанатите пет со поранешната сопруга Џастин Вилсон.

Медиумите забележуваат дека Маск и Грајмс второто дете го добиле со сурогат-мајка во декември кога Маск соопшти дека се полу-разделени.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *