Сутерен.мк

Која е првата социјална мрежа?

Се започнало во 1971 година, кога во еден истражувачки центар за прв пат, испратен е имејл. Два компјутери стоеле еден покрај друг, а текстот на мејлот гласел: qwertyuiop!

Во 1994 година, создаден е сајтот Geosities, претходникот на денешните социјални мрежи. Сајтот им дозволувал на корисниците да креираат свои веб – страници, групирајќи ги во зависност од содржината. После него, месинџерот на AOL и сајтот SixDegrees, внеле новина во светот на социјалните мрежи со додавање на опцијата за испраќање на инстант пораки. Набргу, сајтовите како Classmates, Hi5 i Friendzy си најдоа свое место на интернет небото.

Првата модерна социјална мрежа е Friendster. Многу сличен на денешните, го користел моделот на „кругови“ на пријатели и после само три месеца постоење имал над три милиони корисници. После него, за само десет дена е создаден MySpace. Оваа мрежа, која им даде целосна слобода на корисниците доминираше цели три години (од 2005 до 2008 година) и беше попосетена дури и од Гугл.

Иако на интернет е дојден после сите (во 2004 година), Фејсбук успеа за само четири години да ги надмине и „покори“ сите дотогашни социјални мрежи! Откупувајќи ги и WhatsApp, Instagram, Oculus VR … оваа компанија денес доминира во светот на интернет комуникациите! Останува да видиме што ќе донесе иднината, но сигурно е дека човекот одново и одново ќе бара нови начини за да оствари подобра комуникација со некој кој физички не е блиску до нив!

Првата фотка на Инстаграм

Кога Инстаграм почна да работи, никој не можел ни да замисли дека ќе стане една од најпопуларните социјални мрежи. Тоа сигурно не го мислел ни корисникот кој што ја објавил првата фотографија таму. Тоа бил Кевин Систром, еден од основачите на Инстаграм и тоа на 16 јули во 2010 година. Во тоа време ни Инстаграм не се викал Инстаграм туку – Коднејм! Како и да е, на објавата е златен ретривер, кој дури не ни бил негов!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *