Сутерен.мк

Кој народ што го нервира?

На Инстаграм профилот на далматински мапер се појави карта на Европа, која покажува што ги нервира жителите на одредени земји

„Како да ги изнервирате Европејците. Ве молиме не се навредувајте со оваа картичка, тоа е само шега“, напиша администраторот на страницата.

Па според оваа карта на Хрватите им пречи спомнувањето на Југославија, а Словенија кога ќе ја помешаш со Словачка.

На Црногорците им пречи тоа што се поистоветуваат со Срби, додека бурекот е обоен на територијата на Босна и Херцеговина.

„Босна и Херцеговина е бурек со сирење“, објасни администраторот во коментарот, но многумина сепак не разбраа и токму таа земја привлече најголемо внимание на оваа карта.

„Мислат дека бурекот е само со месо, па ако кажеш бурек со сирење во Сараево си во неволја“, се пошегува тој, а други додаваат дека тоа не е случај само во Сараево, туку и во цела Босна и Херцеговина.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *