Сутерен.мк

Луѓето кои живеат на приземје почесто се разболуваат

Обемното истражување на Универзитетот во Берн покажува дека не е сеедно на кој спрат живеете.
Научниците истражувале 142 590 смртни случаи во Швајцарија (вклучувајќи луѓе кои живееле во високи згради), во периодот помеѓу 2000 и 2008 година и дошле до многу интересни заклучоци. Утврдено е дека луѓето кои живеат на приземје имаат дури 40 отсто поголеми шанси да заболат од сериозни болести на белите дробови отколку луѓето кои живеат на осмиот кат или уште повисоко.

Исто така, луѓето кои живеат на катови пониски од осмиот, имаат 35 отсто поголем ризик од болести на срцето. Во просек, луѓето кои живеат на приземје или на катови под осмиот, имаат 22 отсто поголем ризик да починат порано од луѓето кои живеат на повисоки катови.

Меѓутоа, и живеењето на повисоки катови носи свои ризици. Шпанско истражување покажа дека луѓето кои живеат на поголема висина, односно кои се „поблиску до облаците“, имаат поголема веројатност да добијат, на пример, алергија на полен отколку оние кои живеат на село. Имено, во текот на летото поленот се издигнува во атмосферата со зголемувањето на дневната температура, а кога навечер воздухот почнува да се лади, поленот повторно се спушта и преку отворените прозорци, прво влегува во становите на повисоките спратови. Тоа ги прави луѓето таму поподложни и поранливи.

Секако, сите овие резултати треба да се земат со резерва. Впрочем, секој што живее на поголема висина, знае тоа има негативни страни, како и позитивни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *