Сутерен.мк

Мајката е должна за чувствата на детето, таткото за мајчините!

Од зачетокот до неговата 12 – та година, родителите ја сносат целосната одговорност за се што се случува со детето!
Мајката е одговорна за тоа како детето се чувствува, а таткото за тоа што му се случува и во каква психолошка состојба е мајката!

Така тврди мнозинството експерти од областа. Како и дека повеќето родители не знаат дека формирањето на телото на детето додека е во утробата директно е поврзано и со психата на жената.

Што значи, во текот на бременоста, мајката мора да биде сосема спокојна и заштитена од стресови, да живее во очекување на радосниот момент на раѓањето на детето. Она што жената го доживува, тоа и го „инсталира“ во детето.

И после раѓањето условите се тие: децата чии мајки се постојано вознемирени, почесто се разболуваат. Уплашена, депресивна, разочарана, тажна, уморна мајка ќе „создаде“ дете полно со гнев, злоба, раздразливост… а тоа секако ќе се одрази и на неговите органи.

Меѓутоа, не постои жена која може сосема сама да одгледа среќно дете! Ако нема животен сопатник, помош мора да добие од другите блиски: да и ги олеснат обврските, да ја расположат, смират, охрабрат… Доколку постои сопруг, повеќе од јасно е дека таткото е тој, кој треба да ја направи мајката среќна! Тому затоа, светската практика веќе не ги „лечи“ децата туку родителите! Особено, таткото кој конечно, мора да ја сфати сериозно одговорноста на својата улога во семејството, доколку сака да има здраво поколение, во секоја смисла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *