Сутерен.мк

МВР трага по сторителот кој ја “вееше голема Албанија“

СВР- Тетово презема мерки за идентификување на сторителите кои синоќа го вееја знамето на т.н. „голема Албанија“ во Тетово при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, потврдија од МВР.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами организираше манифестација за пречек на Курти. Објави фотографии од манифестацијата каде се гледа дека во Тетово некој од присутните вее знаме со картата на „голема Албанија“.
„Во врска со случајот за кој прашувате, СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот, рекле од МВР за „Слободен печат“.

Курти од Тетово порача Македонија да се држи до Косово, Албанија и Бугарија, а да се дистанцира од Србија и од српскиот претседател Александар Вучиќ, со цел побрзо да влезе во Европската Унија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *