Сутерен.мк

Мосад ќе го води жена

Оваа израелска разузнавачка служба за прв пат во својата историја постави две жени на високи позиции во својата тајна служба.

Соопштението го даде израелската дипломатија на својот Твитер профил преку кратка информација и фотографија, наводно од новата шефица, но фотографијата е заматена.

Нивните имиња не беа соопштени, освен двете букви „А“ и „К“.Дали тоа се иницијалите на нивните имиња и презимиња или ознаките се доделени по случаен избор, се уште не се знае.

„А“ ја доби функцијата директор на Управата за разузнавање, а за шеф на одделот за Иран е поставена жена под иницијалот „К”.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *