Сутерен.мк

Најдобрите последни романи

Повеќето писатели пишуваат до крајот на својот живот, но не сите нивни последни творби се ремек дела. Меѓутоа, често се случува и постхумно објавените книги да бидат подобри од оние за време на нивниот живот. Еве неколку најдобри последни романи од големите писатели…

„1984“, Џорџ Орвел

Авторот на еден од најдобрите романи на сите времиња, умрел седум месеци после неговото објавување. Дури и за тоа време постигнал успех, а денес е незаобиколна класика.

„Браќа Карамазови“, Фјодор М. Достоевски

Дури и некој друг роман да му беше последен пак, ќе беше „најдобриот последен роман“. Фројд „Браќа Карамазови“ го има наречено за „највеличествениот роман било кога“, Кафка дека најмногу влијаел на неговото творештво, Џејмс Џојс дека врз него ставил огромен печат.

„Игра со стаклени мониста“, Херман Хесе

Книга која секако, не е за читање на плажа, но е лектира за секој кој себеси сака да се нарекува образован. На Хесе му ја донесе Нобеловата награда за книжевност и релеватна е и денес.

„Бдеењето на Финеган“, Џејмс Џојс

„Играта“ на Хесе не е лесна за читање, но ова е вистински подвиг. Џојс ја пишувал 17 години и има изјавено дека очекува исто толку време да поминат луѓето во нејзино читање. Специфичниот јазик, необичните искуства од спиењето и сонувањето тешко се совладува, но е единствено и неповторливо искуство.

„Остров“, Олдос Хаксли

Приказот на утопиското општество, исполнето со индиската духовност и филозофија, па и со психоактивни супстанци, Хаксли го сметал за свое најпровокативно дело. Овој роман ну е утописки пандан на дистопискиот „Храбар нов свет“.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *