Сутерен.мк

Најздравото овошје на светот

Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) неодамна објави дека најздрав зеленчук е поточарката. Оваа салата освои максимални 100 поени, а потоа следат: кинеската зелка, блитвата, цвеклото и спанаќот.
Сега ЦДЦ објави дека доматот е најздраво овошје на светот

Категоризацијата на овошје и зеленчук на ЦДЦ се заснова на количеството од 17 хранливи материи во порција од 100 калории. Доматот е нискокалорично овошје, чиј хранлив профил е сличен на зеленчукот. Еден домат тежи 60 грама, содржи само 12 калории и помалку од три грама јаглехидрати. Исто така, богат е со ликопен, кој му ја дава црвената боја.
Консумирањето домати и ликопен помага да се спречат болестите на коронарните артерии, рак на желудник, рак на простата и цереброваскуларни болести.

Доматите се исто така богати со витамини А и Ц, а апсорпцијата на ликопенот можете ја подобрите со комбинирањето со здрави масти, како што е маслиновото масло.
Доматите накусо, се преполни со антиоксиданти, за кои е познато дека помагаат во одбраната од слободните радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес и може да играат улога во развојот на рак, дијабетес, срцеви болести и други хронични состојби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *