Сутерен.мк

Хајнекен го продаде бизнисот за едно евро

Хајнекен го продал сиот свој имот во Русија, вклучувајќи и седум пиварници. Нивните пива се тргнати од рускиот пазар.
Холандската компанија за производство на пиво Хајнекен соопшти дека се повлекла од Русија со тоа што го продала своето работење во таа држава за само едно евро.
Компанијата соопшти дека ќе има вкупна загуба од 300 милиони евра поради продажбата на рускиот произведувач Арнест груп 18 месеци откако почна конфликтот во Украина.

Хајнекен се соочи со критики поради спорото излегување од рускиот пазар по избивањето на војната, но се правдаше со тоа дека се грижи за своите работници во Русија.

Компанијата во март минатата година соопшти дека ја напушта Русија, бидејќи нејзиното работење таму „повеќе не е одржливо“ и дека сака да обезбеди „уреден пренос“ на нов сопственик.

„Иако беше потребно многу повеќе време отколку што се надевавме, оваа трансакција ја обезбедува егзистенцијата на нашите вработени и ни овозможува да излеземе од земјата на одговорен начин“, кажа извршниот директор на Хајнекен Долф ван дер Бринк.
Најавено е дека и Амстел, друг голем произведувач на пиво, ќе ги повлече своите производи од продажба во Русија за шест месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *