Сутерен.мк

Најинтелигентните

Риби

Од сите хороскопски знаци, Рибите се најмудри. Тоа произлегува од нивното сочувство кон другите. Тие се поврзуваат со луѓето така што сочувствуваат со она низ што поминуваат и секогаш се тука, за секого. Познати се како стари души и имаат скриена сила која им помага, за да им се најдат на другите во тешките времиња. Многу долго ги преболуваат неправдите!

Лав

Лавовите имаат вродено чувство за добро и лошо,учат од минатото и не е лесно да ги излажеш. Тоа се личности кои може да побараат совет од другите, но знаат доволно за да го исфрлат лошото и задржат доброто. Лавовите се подготвени да направат се за да им помогнат на другите, но, ако се „изгорат“, нема тоа да го повторат. Не ја злоупотребувајте нивната добрина!

Водолија

Припадниците на овој знак се паметни, бидејќи не се претопуваат во масата и не им се прилагодуваат на другите. Не мораат да бидат како сите останати и удобно им е да бидат поинакви. Водолиите можат да ги променат нештата и да видат потенцијал таму каде што другите не гледаат. Отворени се за нови можности, но секогаш учат од грешките направени во минатото.

Јарец

Тие се едни од најинтелигентните во зодијакот. Јарците ги решаваат проблемите и сакаат да помогнат да се спаси не само еден, туку целата планета и се на неа! Зрели се, разумни и доверливи. Целосно се свесни за последиците кога ќе направат нешто, а пред тоа не размислиле баш добро за своите постапки. „Казната“ за тоа ќе ја поднесат достоинствено и нема да ги поколеба да го повторат доброто дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *