Сутерен.мк

Најпресметливите знаци!

Шкорпија

Шкорпиите не зборуваат отворено за нештата кои ги посакуваат, но манипулираат со луѓето така што овие ќе направат токму тоа што Шкорпиите го сакаат. Уживаат во играње со карактерот на другите и внимателно калкулираат со секој потег за да си ја остварат целта.

Рак

Иако овој знак го сметаат за емоционална будала кој не умее да донесе одлука базирана на логика, не е баш така. Кога тоа тие го сакаат, Раковите можат и тоа како добро да размислат и да го направат она што е најпрактично и најкорисно за нив на долги патеки.

Близнаци

Близнаците не се најрасположени да расправаат за своите планови и цели и намерите со другите луѓе. Не сакаат јавно да зборуваат за своите амбиции, но пред тоа да го сфатат останатите, тие потајно ќе си исполнат се што намерачиле, така што ги изневеруваат луѓето околу себе.

Риби

Иако за овој знак е познато дека може да биде изгубен во својот свет, неговите припадници се многу амбициозни. Лесно манипулираат со луѓето, претставувајќи се како непрактични и безидејни. Рибите всушност, темелно размислуваат за околностите и прават се што можат за да ги реализираат своите соништа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *