Сутерен.мк

Неверојатните вирални случајности

Бидејќи на интернет се одвива живот паралелен на секојдневниот живот, и таму се случува некоја идеја, концепт или  „финта“ да заживеат и почнат да кружат меѓу голем број на луѓе.. Во општеството овие појави се нарекуваат општствени феномени, на интернет тоа се – интернет феномени или интернет мемиња…

Почетокот на интернет феномените обично е сосема случаен и непланиран. Особена подврста на овие феномени се „падобранци на фотографијата“ ( на англиски – photo crushers). Во 2009 година, Мелиса Брандс од Алберта, Канада, го наместила апаратот на тајмер за да се слика заедно со својот сопруг во еден национален парк. Фотографијата излегла одлично, а добила и специјален гостин – верверичка која совршено се позиционирала пред објективот. Откако брачниот пар Брандс ја поставило оваа фотографија на интернет, луѓето биле толку воодушевени од верверичката што почнале да ја „фотошопираат“ на сопствените фотки. Фотогеничната верверичка не само што станала ѕвезда туку вистински интернет феномен!


 Едно од најпознатите мемиња на нетот: мал чекор за човекот, но бесмислено голем скок за видот – верверици!

Интернет меме може да биде сешто – фотографија, видео снимка, сајт, хиперлинк, некој збор (или погрешно напишан). Никој не знае поради што меме стана погрешно спелуваниот англиски збор “the”!? Ама ете, “tеh” наместо “the”, долго пишуваа корисниците на интернет кои го користат англискиот јазик. Исто како што никој не знае како се појави едно од првите мемиња, т.н. рикролинг (rickrolling)!? Некој ви испраќа нешто што изгледа како линк за нешто што вас ве интресира, кликнувате на него и наместо да се појави очекуваниот сајт или содржина, се појавува пејачот Рик Естли и неговата песна од 1987 година – „Невер гона“! Зошто лигава песна од минатиот век? Затоа што е „финта“ и затоа што на луѓето ова им е смешно и забавно!

Историјат

Поимот меме е создаден во генетиката.  Автор е Ричард  Докинс, познат теоретичар на еволуцијата, кој сакал терминот да потсетува на ген. Мем, кој означува некоја информација, идеја или однесување кое се пренесува од човек на човек во општеството. Како што со гените се шири и размножува  биолошкиот материјал, така културата и култоролошката содржина се пренесуваат и шират преку мемето. Идеите исто така можат да еволуираат, како што се случува и во биологијата. Некои подобро преживуваат од другите, некои мутираат, некои се спојуваат, па создаваат нова…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *