Сутерен.мк

Нема измени во францускиот „непристоен предлог“

Вчерашниот предлог на Франција до Бугарија и Македонија за решавање на спорот е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот парламент, вели француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин

– Предлогот, не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во заедницата, вклучително и на Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и не треба ново разгледување во нашата земја, изјави таа за Еуроњуз и нагласи дека „Париз не изврши притисок врз Бугарија во спорот“.

Документот, вели Робин, е во духот на претходниот договор, кој бугарскиот парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува.

– Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира (пречисти, обработи) претходниот документ. Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на С. Македонија во заштитата на правата на малцинствата во заедницата, вели Робин.

Амбасадорката Робин се прашува зошто Скопје тврди дека таканаречената втора верзија на францускиот предлог е подобра од првата, пишува БГНЕС.

Таа беше категорична дека токму ЕУ ќе биде гарант за исполнување на условите од страна на Македонија.

– Како ЕУ ќе го гарантира ова? Преговорите не се започнати. Советот на ЕУ годишно го оценува напредокот на С. Македонија. Програмата за напредок ќе ја оценува секоја земја-членка. Ние ќе гарантираме, додава амбасадорката Робин.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *