Сутерен.мк

Необичните навики на историските личности

Освен што направиле позитивни нешта за човештвото, некои од историските великани имале необични навики, како за нивното, така и за нашето време…

Оноре де Балзак

Францускиот романописец редовно внесувал течност во својот организам, но не вода, туку исклучиво кафе. Наводно, дневно пиел дури пеесет филџани кафе.

Лудвиг ван Бетовен

Освен што бил голем љубител на алкохолот, германскиот композитор секое утро си подготвувал кафе од шеесет зрна, што сам ги броел и тоа по неколку пати. Строго внимавал да не има зрно плус или минус.

Микеланџело

Овој ренесансен уметник не бил по хигиената. Со денови носел и спиел во истите алишта и избегнувал да се капе, сметајќи дека тоа е лошо за здравјето.

Салвадор Дали

Еден од најголемите мајстори на надреализмот, секогаш кога ќе легнел да дремне, држел клуч во раката, а под неа метален подавалник. Кога ќе заспиел, клучот паѓал врз металниот сад, тој се будел и уште нерасонет одел да го наслика сонуваното.

Волфганг Амадеус Моцарт

Чудото од дете и еден од најважните композитори на сите времиња сакал да се шегува. Но хуморот му бил далеку од софистициран. Во неговиот речник често биле употребувани зборовите прдежи, фекалии и други човечки течности. Една композиција дури носи наслов „Бакни ме во газот“ (“Leck mic him arsch”).

Извор…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *