Сутерен.мк

Нобеловите награди за 2023-та

Јон Олав Фосе (роден на 29 септември 1959 година) е норвешки автор и драматург. За оваа 2023 година, тој е награден со Нобеловата награда за литература „за неговите иновативни драми и проза кои му даваат глас на неискажливото“. Тој е најизведуваниот норвешки драматург по Хенрик Ибзен.

Честопати нарекуван „новиот Ибзен“, делата на Фосе се забележани дека претставуваат модерно продолжение на драмската традиција воспоставена од Ибзен во 19 век.

„Неговиот огромен опус напишан на норвешки Нинорск и опфаќа различни жанрови, се состои од богатство на драми, романи, збирки поезија, есеи, книги за деца и преводи“, велат од Академијата.

Нобеловите најави започнаа во понеделникот со наградата за медицина што ја добија Унгарката Каталин Карико и Дру Вајсман од САД за нивното заедничко истражување што доведе до брз развој на вакцините против Ковид.

Академијата во вторникот им ја додели Нобеловата награда за физика на Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л’Хуилје за нивните индивидуални напори што доведоа до создавање на „екстремно кратки пулсирања на светлина кои можат да се користат за мерење на брзите процеси во кои се движат електроните или промена на енергијата“.

Во средата, на Мунги Бавенди, Луис Брус и Алексеј Екимов им беше доделена Нобеловата награда за хемија за нивната работа во унапредувањето на полето на нанотехнологијата.

Во петок ќе биде објавена Нобеловата награда за мир, а во понеделник ќе следи финалната награда за економски науки.

Сите категории освен економијата се востановени во тестаментот на шведскиот бизнисмен од 19 век, Алфред Нобел, кој заработил богатство со својот изум на динамит.

Првите Нобелови награди беа доделени во 1901 година, пет години по неговата смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *