Сутерен.мк

Пендаровски оддадоа почит на Елзабета Втора

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓеоргиевска попладнево присуствуваа во Вестминстерската сала во Лондон каде е изложен ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора.

Пендаровски на својот фејсбук профил објави видео на кое се гледа како тој со сопругата оддаваат почит пред посмртните останки на кралицата.

Претседателот се потпиша и во книгата на жалост, а утре ќе присуствува на погребот на кралицата во Вестминстерската палата.
Кралицата Елизабета втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *