Сутерен.мк

Пишман писатели

Многумина автори се покајале што воопшто го напишале и објавиле некое свое дело, сеедно дали поради реакциите на публиката или самото пишување. Ова се некои од најпознатите случаи…

Стивен Кинг, „Бес“

Книгата е поврзана со неколку вистински настани и Кинг после објавувањето барал да се повлече од печат, затоа што не сакал никого да го инспирира за вакви случувања.

Агата Кристи, книгите за Херкул Поаро

За него напишала 33 романи и 56 приказни, но Агата на крај го замразила Поаро: жалела што не го замислила помлад, а и пречело и што издавачите постојано барале раскази само за овој детектив.

Сер Артур Конан Дојл, книгите за Шерлок Холмс

 

Дојл го сметал жанрот на историските фикции за книжевно поамбициозни, но детективските приказни го засениле неговото друго творештво. Затоа и решил да го „убие“ Шерлок, но на барање на читателите сепак, го „оживеал“ девет години подоцна.

Луиза Меј Алкот, „Малите жени“

Книгата е напишана со „уцена“ од издавачот: ако Луиза напише книга за жени, ќе биде објавено и делото на татко и! И покрај успехот на романот, на авторката тој никогаш не и се допаѓал, па дури и кога обожователите доаѓале пред нејзиниот дом, таа се преправала дека е слугинка и ги бркала.

Франц Кафка, речиси сите дела

Претпоставка е дека Кафка запалил деведесет отсто од се што напишал, а оние што ги имаме денес од него се сочувани благодарение на неговиот пријател Макс Брод.

Извор: Buzz Feed

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *