Сутерен.мк

Почетоците на Евровизија

Во 50-тите години, откако започнала да се обновува воено-разурнатата Европа, Европската радиодифузна унија со седиште во Швајцарија формирала ад-хок комисија за да пронајде начин да ги обедини земјите од Европска радиодифузна преку „забавна програма“. На состанокот на комисијата одржан во јануари 1955 година во Монако, генералниот директор на швајцарската телевизија и претседателот на комисијата Марсел Бесон дошол до идеја за интернационален избор на песна, каде земјите ќе учествуваат во една телевизиска програма, која ќе биде пренесувана истовремено во сите земји на унијата.

Изборот се засновал на веќе постоечкиот фестивал Сан Ремо што се одржува во Италија, а се сметал за амбициозен проект, технолошки експеримент во живо на телевизија, кој би обединил многу земји заедно во широката меѓународна мрежа. Концептот, тогаш познат како “Евровизија Гран При” бил одобрен од Генералното собрание на Европската радиодифузна унија на состанокот одржан на 19 октомври 1955 година во Рим и било одлучено првиот избор да се одржи пролетта 1956 година во Лугано, Швајцарија. Името „Евровизија“ во врска со мрежата на Европската радиодифузна унија бил за првпат употребен од страна на британскиот новинар Џорџ Кампеј во Лондон во весникот „Ивнинг Стандард“ во 1951 година.

Првото издание се одржало во Лугано, Швајцарија на 24 мај 1956 година каде учество зеле седум земји – секоја изведувајќи по две песни. Ова бил единствениот избор кога се изведувале повеќе од една песна од страна на една држава: од 1957 година било дозволено да се изведува една песна од страна на една држава. На изборот во 1956 година победила земјата домаќин, Швајцарија.

Изборот од тогаш се емитува секоја година и е еден од најдолготрајните телевизиски програми и најгледаниот не – спортски настан во светот!

Уметници чии кариери биле во центарот на вниманието по нивните настапи и победиле на Евровизија се: Доменико Модуњо, групата АББА, Селин Дион, Хулио Иглесијас…

 

(извор: Википедија)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *