Сутерен.мк

Превенција за депресија

Честата промената на расположението може да биде од различни причини , но депресијата значи пореметување на расположението и си има своја дефиниција и начин на лечење.

Како и да е, превенцијата, како и во останатите болести е клучна, за да не се јави клиничка депресија или други облици, што на одредени делови на мозокот му ја менуваат структурата, а понатаму делуваат и на помнењето, учењето и размислувањето.

Еден од докторите кои невронауката ја доближуваат до пошироката публика е и Бен Рејн од Универзитетот во Стенфорд (има и свој профил на ТикТок), кој вели дека се уште главниот проблем е во пронаоѓањето на причините за депресија.

Тој е на став дека когнитивната бихевиорална терапија и препишувањата на антидепресиви не секогаш ги даваат посакуваните резултати, но за сега, друг начин на лечење не е покажан за поефикасен.

Научниците според него, до денес не знаат што се случува во мозокот на човекот со дијагностицирана депресија.

Иако, главниот „став“ e дека причините за ова пореметување е недостатокот на серотонин во мозокот, докази за тоа нема.

Сепак, советува Рејн, секој може да преземе нешто за да не дојде до оваа состојба, а тоа е:

Доволно спиење секоја ноќ

Хранење на здрав начин

Редовно вежбање (особено, јога)

Медитација (било кој вид)

Избегнување на социјална изолација

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *