Сутерен.мк

Рецептот на Вера Ванг за рамноправност во училиште

Многу пред да стане светски позната дизајнерка, била професионална лизгачка. Меѓутоа, во 1968 година не е примена во американскиот олимписки тим и драстично го менува својот животен пат. Денес, секоја нејзина венчаница е култна, а модата империја ја започнала во 40-тата година – кога не можела да најде фустан по свој вкус за сопствената свадба

Вера Ванг (73) е револуционер во модната индустрија: ги прекрши сите традиционални правила околу изгледот на невестата, давајќи и слобода на жената да изгледа како што таа сака, на „својот“ ден.

Нејзините внчаници се во црна боја, срвена, сива, беж… Една колекција на невестински фустани ја потопила цела година во чај и на крајот добила единствена боја на венчаници.

Нејзините колекции имаат три ранга на цени, за фустаните да бидат достапни за што поголем број на жени.

Родена е во семејство на добро ситуирани Азијати на Менхетен (мајка и била опседната со облеката), дипломирала историја на уметност, како студентка работела за Ив Сен Лорен, а на 23 години станува една од најмладите уреднички на „Вог“. Глобално влијателниот моден магазин ќе го напушти по две децении, откако главното уредничко место ќе го добие Ана Винтур.

Во 1989 година Вера се мажи за бизнисменот Артур Бекер. Не сакала брак, не мислела дека ќе биде среќна, ако се омажи, но кога веќе потклекнала на општествените притисоци, решила да одбере барем невестински фустан по свој мерак. Кога не го нашла во бутиците, си го сошила сама.

По 23 години брак и никогаш убедена дека е среќна во истиот, Вера се разведува, а по разводот посвојува две девојчиња – Сесилија и Џозефина Бекер.
Иако нивната мајка е една од најпознатите дизајнери на облека во светот Сеси и Џо никогаш не носеле скапа брендирана облека на училиште, ниту надвор од него. Напротив, им купувала алишта од ефтини продавници за да не се разликуваат од другите деца.
„Најпогубно за децата е да мислат дека облеката или другите материјални нешта ги прават подобри од другите. Така го убивате секој нивен потенцијал и стануваат обични штеточини, а не квалитетни луѓе“, изјавила во една прилика Вера Ванг.
Госпоѓата Ванг позната е и по својот фасцинантен младешки изглед, а за тоа вели, најзаслужно е тоа што многу работи, но и многу спие. Малку време поминува на сонце, јаде добра храна, не пие газирани пијалаци, но пие вотка. Секое утро физички е активна и сака да се докажува – одново и одново.

Вера Ванг на 73 години

Сепак, категорична е дека за изгледот најважен е младешкиот ум и дух: „Никаква диета и никакво вежбање не може тоа да го замени.“
Вели дека кога нешто не ви оди како што сте планирале, само кажете си себеси: „Си бил/а овде и порано. Не ти е прв пат. Така што, некако ќе преживееш.“
Еден од најважните совети и е дека кога ќе сфатиме дека во нешто не сме успеале е да научиме тоа и да го напуштиме, а да се напушти нешто знае да биде потешко од истрајноста. „И запомнете“, вели Ванг, „жалењето дека нешто не сте направиле е пострашно отколку кога сте се обиделе, а не сте успеале.“

„И, само затоа што сите се против нешто, не значи дека не треба и да го направите токму тоа“, додава дизајнерката.

Што се однесува до азијатскиот менталитет Ванг смета дека постои одредена пасивност на начинот на кој Азијатите се воспитувани. Дека всадено им е да бидат тивки и да не драматизираат.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *