Сутерен.мк

Разгалени функционери имало и на други места

Индиската влада нареди да се суспендира еден нејзин службеник кој наредил да се испразни цела брана за да го извади телефонот кој му паднал додека правел селфи.

Oткако бил пронајден, телефонот, кој според инспекторот за храна Раџеш Вишвас, содржел чувствителни владини податоци, не работел.

Вишвас изјави дека телефон „самсунг“, вреден околу 1 200 долари, му паднал во браната Керката, во централната индиска држава Чатисгар, во неделата. Откако локалните нуркачи не успеаја да го пронајдат, тој платил за внесување дизел пумпа. Рече дека имал усна дозвола од службено лице да испушти „малку вода во блискиот канал“, додавајќи дека функционерот рекол оти тоа „всушност ќе биде од корист за земјоделците кои ќе имаат повеќе вода“.

Пумпата работела неколку дена, празнејќи околу два милиона литри вода – наводно доволно за наводнување на 6 квадратни километри (600 хектари) обработливо земјиште. Работата беше прекината кога по добиена жалба пристигнал друг службеник од секторот за водни ресурси.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *