Сутерен.мк

Родово неутрален лик наместо Саманта?!

Новите десет епизоди од американската ТВ-серија „Сексот и градот“ останаа без промискуитетната Саманта Џонс, но доби родово неутрален лик.

Улогата на Че Дијаз ќе ја игра актерката Сара Рамирез, која ја глумеше д-р Кали Торес од „Вовед во анатомија“.

Оваа родово неутрална личност, Кери, Миранда и Шарлот ќе ја дефинираат како „тие/нив“, според новите правила во англискиот јазик.

И пандемијата од Ковид-19 ќе биде дел од заплетот, открива Сара Џесика Паркер, која не само што ја има главната улога, туку овојпат е и продуцентка на серијата.

Што се однесува до тоа дека Ким Катрал нема повторно да биде во улогата на Саманта, се вели дека нема да има замена за фамозната хероина.

„Не бараме човек за четвртата улога – си го имаме Њујорк! Ќе има еден куп нови ликови, само што никој од нив нема да ја надоместува Саманта“, изјави Паркер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *