Сутерен.мк

Романескни етиди

Разочарана сум од се. Од моето семејство, роднини, пријатели, соседи, градот. Како да не живеам јас, туку некој друг во моето тело. Сонувам за подобри работи, а тие никако да дојдат. Очајувам и венеам сама и осамена, Читам многу, бегам од реалноста, ако е тоа некоја реалност и не ни сакам да се вклучам во неа. Здодевна ми е , разочарувачка, глупава, се изолирам и фантазирам, си сонувам и мечтаам, ама не ми е добро. Понекогаш ми доаѓа да им плеснам се во лице на сите и да се скарам со сите, а не го правам тоа. Што да правам?
Г6


Г6 дарлинг, од она сама и осамена, заклучувам дека сте женско, а од она Г6 дека некаде во тој ваш егоцентричен мозок постои некоја логика па затоа и сте се потпишале со (додуша банален, но сепак) шаховски израз.
Никој нема толку проблеми со себе колку што има некој самбендисан! Тоа е просто неверојатно, како ли таквите – самовљубените си ги смислуваат загатките околу нив!?
После пишуваат писма. Да им мине времето.
Драга моја, вие едноставно, имате превисоко мислење за себе. Дека нештата ќе се случат сами од себе,а вие не треба да мрднетени со прст?! Не знам кој, кога и како ви го всадил, но не е здраво. Затоа и не ви е добро.

Процесот оди обратно – Пепелашка станува принцеза. Што ќе рече, прво работа па награда!
Фантазерите се креативци, создавачи на универзуми, во кои реални или не, сите сакаме да се најдеме. Мечтателите се иднината на светот. Но, само ако делуваат. А ние просечните, сме само заобиколниот пат до подоброто утре.

Некој требало тоа да ви го каже! Кога ви купувале се, кога огледалата ги местеле за да ви зборуваат дека сте најубава, кога ви велеле дека сите треба да ве сакаат. Не ви кажале за жал, дека преживуваат само оние кои знаат колку, кога и каде вредат.
Копнежот по салонизам, наместени дружби, изнудени комплименти е само очај на самопреценети личности. Мирот дарлинг, секогаш бил во прифаќањето на сопствената не баш голема важност…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *