Сутерен.мк

Молчење

Ве читам онака, начитана сте и од тоа прочитаното да ми кажете: кои се најважните лекции во животот?
Баба Зора

Баба Зора дарлинг, ми звучите како начитана, прочитана и прокопсана баба, така што од исчитаното ќе ви читнам нешто од Бранислав Нушиќ, што мислам дека ептен, ќе ве трефне онака, читливо:

„ Научете да молчите токму тогаш кога совеста ќе ве тера да зборувате, па набрзо ќе се уверите дека молчењето е злато. Бидете секогаш подготвени да му докажете на владетелот дека е благороден, на жената дека е убава, на полицаецот дека е мудар, на писателот дека е генијален… Ете, тоа е мојот совет, правете така и никогаш нема да се каете; ќе имате мир и на небото и на земјата и ќе се гоите…“

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *