Сутерен.мк

Се апсат поддржувачите на Нермин Сулејмановиќ

Досега се уапсени 40 лица кои за време на директен пренос на Инстаграм му дадоа поддршка на убиецот Нермин Сулејмановиќ, кој брутално уби три лица – неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, таткото и синот Џенгис и Денис Ондер, кои се турски државјани и рани три лица, пишува Н1.

Ранети се полицаецот Хусеин Коториќ и граѓанинот Недим Памуковиќ, како и Хариса Ондер, сопругата на Џенгиз Ондер.

Сулејмановиќ во живо го пренесуваше бруталното убиство на невенчаната сопруга, а за време на преносот имаше и луѓе кои го поддржуваа.

Како што изјави за Аваз, Рамо Исак, министер за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, се спроведуваат активности за регистрација на поединци.

– Директорот на ФУП ме информираше дека одделението за компјутерски криминал на ФУП веќе врши активности поврзани со евидентирање на лица кои на социјалните мрежи го поддржувале и величале убиството и убиецот – рече Исак.

Како што пренесува Аваз, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, ФУП во соработка со ресорното обвинителство ќе започне процес на лоцирање и документирање на сите лица кои преку своите објави ширеле омраза, дале поддршка, величале убиство и убиец, не само на Инстаграм, туку и на сите други социјални мрежи.

Инаку, ден по трикратното убиство во Градачац, жителите излегоа на протест. Велат, жртвите на Сулејмановиќ се резулатат на незаинтересираноста на институциите. Тврдат дека полицијата останала глува на повиците од неговата невенчана сопруга за насилството кое го трпела..

По убиството на невенчаната сопруга, и уште две лица, 35 годишникот сам се застрела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *