Сутерен.мк

Се омажи Сиа

Австралиската кантавторка му кажа „да“ на своето момче Ден Бернард, со интимна и романтична церемонија во луксузното мало гратче Портофино, Италија.

Само шест гости присуствувале на настанот. Свадба далеку од рефлекторите која ја отсликува нивната врска, за која всушност новинарите немаат многу информации.

 

Сиа се омажи за својот партнер Ден Бернард за време на викендот, со свеќи и дефинитивно романтична церемонија. Избраната локација ја направи атмосферата уште помагична: Вила Оливета во Портофино, во сопственост на стилистите Доменико Долче и Стефано Габана (исто каде што се венчаа Кортни Кардашијан и Тревис Баркер минатата година). Нежно светло, розови, бели, виолетови цветни украси и позлатени детали ја красеа позадината на настанот каде што се случи првиот официјален бакнеж на мажот и жената.

Невестата за оваа пригода избра розов фустан во сирена стил, додека младоженецот облече светло небесносино одело.
Исто како свадбата, врската помеѓу Сиа и Ден Бернард се чуваше речиси во тајност и далеку од центарот на вниманието.

Всушност, не е познато колку време пејачката и нејзиниот партнер се официјално заедно, ниту како се запознале. Првата (и единствена) заедничка фотографија на социјалните мрежи датира од минатата година, па веројатно нивната врска трае повеќе од една година, но нема изјави во врска со тоа.

Во минатото австралиската кантавторка, автор на неколку хитови, беше во брак со Ерик Андерс. Тие ја прославија венчавката во неговиот дом во Палм Спрингс, Калифорнија во 2014 година. По две години, во 2016 година, „падна“ одлуката да се разделат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *