Сутерен.мк

Си замина уште една рокенрол икона

Рокенрол пионерот Џери Ли Луис, почина денеска на 87 години.

Ѕвездата од 50-тите години на минатиот век, заслужен за песните кои ја дефинираа раната ера на рокенролот, почина од природна смрт во неговиот дом во Мисисипи со сопругата покрај него, соопшти неговиот публицист. Во последните години тој беше болен откако доживеа мозочен удар во 2019 година.

Роден во Луизијана во 1935 година, Луис одигра клучна улога во обликувањето на рокенролот во неговата прва деценија. Тој освои три награди Греми, а снимаше со некои од најголемите ѕвезди во музичката индустрија. Неговите експлозивни изведби привлекоа голема публика.

Познат како пијанист со неверојатен стил, Луис беше последниот преживеан од генерацијата револуционерни рокенрол музичари меѓу кои беа Елвис Присли, Чак Бери и Литл Ричард.

Луис се женел седум пати. Една од жените била неговата 13-годишна братучетка со која се оженил во 1957 година. Откако станал познат се борел со злоупотреба на дрога и алкохол.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *