Сутерен.мк

Со кого спие Марго Роби?

Марго Роби со денови ги полни медиумите поради својата улога во хитот „Барбие“. Таа ја воодушеви публиката, но и критичарите, а веќе се споменувале и Оскари за неа и за Рајан Гослинг, кој го игра Кен. Бројни обожаватели ги интересира како изгледа нејзиниот Кен во реалниот живот, а она што е интересно е дека и тој работел на овој популарен филм.

Копродукцијата на овој успешен проект ја потпишува сопругот на славната актерка, Том Акерли. Овој филмски продуцент кој не се експонира, своите први искуства пред камерите ги имал во филмовите за Хари Потер. Тој бил дел од актерската екипа, а толкувал ученик од Слитерин.

Сепак, амбициите го одвеле зад камерите, па Акерли се одлучил за продукцијата. Со текот на годините преминал и на режија, а во 2014 година отворил своја продуцентска куќа, која потпишала големи филмски остварувања.
Марго и Том се венчале во 2013 година на тајна церемонија. Пред врската тие биле пријатели и цимери.
Не сакаат медиумски да се експонираат, но на неколку наврати папараците ги фотографирале на заедничка прошетка, при што си разменувале бакнежи.

Да потсетиме, филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг за помалку од три недели достигна рекордна заработувачка од 1,03 милијарди долари.

Гервиг со ова стана единствената режисерка која самостојно режирала филм кој надмина заработувачка од милијарда долари.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *