Сутерен.мк

Средба на мајка и ќерка после 80 години

Герда Кол добила најпосебен подарок кој можела да го побара на својот 98-ми роденден – можноста повторно да се состане со својата ќерка прв пат по 80 години.

Како млада еврејска бегалка, Кол побегнала од Австрија во 1939-та година во Англија на почетокот на Втората светска војна. Неколку години подоцна, станала мајка на возраст од 18 години. Ограниченото образование и економските потешкотии не и оставиле друг избор освен да ја даде својата ќерка на посвојување.

Иако никогаш повеќе не и било дозволено да стапи во контакт со своето дете, Кол продолжила да живее исполнет живот. Се преселила во Канада, добила неколку дипломи и пропатувала низ светот.
Во меѓувреме, ќерката на Кол, Соња Грист, немала речиси никакви информации за својата биолошка мајка и верувала дека е почината. Синот на Грист, Стивен, дошол до некои сознанија: „Открив дека Герда, биолошката мајка на мојата мајка, има посинок и го контактирав на Фејсбук: Ми недостасува уште една информација. Потребна ми е само посмртницата на Герда…Можете ли да ми помогнете околу тоа? ‘А тој ми кажа’: Нема да пронајдеш таков документ бидејќи таа е жива и живее во дом за старци во Канада. Тогаш си помислив: Боже мој, мајката на мојата мајка е жива и во сабота полни 98 години“.

Стивен и Соња брзо отпатувале во Торонто и го пронашле споменатиот дом за стари лица. Видеото кое го споделија светските медиуми ги покажуваат емоциите на мајката и ќерката – плачеле, се смееле, танцувале и јаделе колачи.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *