Сутерен.мк

Фејсбук главоболки

Сопругот е нон – стоп на фејсбук. Мислам, и јас имам свој профил, но ми се чини дека тој премногу внимание и време посветува на тоа. Дури, мислам дека одржува и љубовна врска преку мрежата. Помило му е времето поминато пред компјутерот отколку со мене и децата. Како да дознаам дали сум во право и, што да правам?

Јана М., Битола

Јана, дарлинг, штом е сопруг значи е во некои „сериозни“ години, не е тинејџер т.е. би требало да знае што прави (во најдобар случај барем е свесен за последиците. Последнава декада напреднаа и маживе.) Фејсбук е измислен, замислен од и за тинејџери.
И за правење на сам со себе муабет!
Некои тоа го сфатија пресериозно па, ги искористија оние 15 минути слава што наводно, секому му припаѓаат во животот. Според мене, ги користат предолго. Видовме и за жал, и по петнаесет години постоење (јас сум член од 2007 – ма и ми беше страв една година да кликнам на било кое квадратче) би требало да е една релативно, изживеана работа.
Ама, не. Кај нас тоа никако и никогаш не се случува. Ние едноставно, ништо не можеме да изживееме. Такви сме од влагата. Не држи мувлосани. Долго. После сме горчливи и не знаеме што не снашло.
Додека висиме на тоа компјутерот, луѓето живеат и делуваат. Реално.
Можете да направите лажен профил и да го шпионирате. Иако, никој што демнел во познатата човекова историја не завршил добро. Можете и друго, што е многу поумно – да се обидете ФБ да го искористите за само, своја забава. Настрана од очите на вашиот сопруг. Всушност, тоа е одлична шанса, како и многумина побитни од нас што ја искористија, да добиете бесплатна психо – терапија. Односно, бесплатни – пријатели. Кои најверојатно, никогаш нема да ги сретнете во секојдневието, што е големо олеснување, нели!?
Како и да е драга Јана, вистинскиот живот за жал, се уште е на старото место. И тука, треба да го „вратите“ и сопругот. Тоа единствено успева доколку сте поинтересни од фантазмагоричната опција….

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *