Сутерен.мк

Филипче се прави „наудрен“ за Онкологија

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче тврди дека немал сознанија за злоупотреба на терапии на Клиниката за онкологија. Филипче одговори пред пратениците во Анкетната комисија за онкологија, во која претходно сведочеа и други функционери и поранешни функционери.

Поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, во чиј период се верува дека се случиле кражби и продажба на терапии за рак на црниот пазар, Филипче го пофали како професионалец.

Филипче ја тргна одговорноста од себе, велејќи дека ја обезбедил потребната терапија, но за нејзино понатамошно распределување била надлежна клиниката.

Пред Филипче пред Анкетената комисија сведочеа поранешниот министер Беким Сали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Сали изјави дека се сомневал во работењето на Клиниката и од поранешниот директор Васев побарал план за решение. Откако Васев не одговорил на барањето, иницирал негово разрешување.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *