Сутерен.мк

Чанта што не постои чини 595 илјади евра!

Чантата Хермес Биркин чини од десет илјади долари за основниот модел, па се до двесте илјади долари, ако е направена од крокодилска кожа. И не е само да имате пари да ја платите туку и трпение, бидејќи на нејзината изработка се чека!

Оваа година пак, разгаленоста на богаташите отиде чекор подалеку – купен е модел на Хермес Биркин за 595 000 евра, изработена е од платина и дијаманти и, не постои!

Станува збор за дигитална (NFT) чанта, наречена „Торба која тече“, креирана од британската дизајнерка Деби Вингам по порачка на лондонски милијардер.

Патем, во дигиталниот свет веќеможат да се купат NFT патики, уметнички дела, облека, па и куќи!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *