Според City Magazine, ова е листата на најдобро оценетите и најмногу коментираните филмови од страна на интернет корисниците и филмските критичари!
- „DA 5 Bloods“
Филмската приказна за четворица афроамерикански ветерани од војната во Виетнам ја режираше Спајк Ли.
- „Никогаш, ретко, понекогаш, секогаш“
Режисерката Елиза Хитмен сними драма за 17 – годишна бремена адолесцентка, која има намера да абортира без знаење на родителите.

- „Тенет“
Возбудливиот научнофантастичен филм со многу комплицирана приказна е на прославениот режисер, Кристофер Нолан.
- “Судењето на 7 – мината од Чикаго“
Што се случува кога на клучни места поставуваме некомпетентни водачи? Аарон Соркин дава одговор.
- „Земја на номади“
Клои Жао го доби златниот лав во Венеција за животната приказна за средовечната вдовица која е модерен номад.

- „Манк“
Биографската драма за холивудскиот сценарист Херман Џејкоб Манкевич ја режираше Дејвид Финчер.
- „Се мислам да ставам крај“
Чарли Кауфман сними уште еден чуден филм. Повеќето се согласуваат дека е фасцинантен, но баеги е и збунувачки!
- „Гнездо“
Многумина мислат дека Шон Даркин снимил филм во кој ништо не се случува, но присуството на Џуд Ло е доволна причина да се види филмот!

- „Lovers Rock“
Стив Меквин повторно сними филм за животот на емигрантите од Карибите во Велика Британија во текот на ’60-тите, ’70-тите и ’80-тите години на минатиот век.
- „Првата крава“
Обидот за остварувањето на американскиот сон на двајца пријатели во 1820 година во САД, го екранизираше Kelly Reichardt.