Канадската полиција се подготвува за насилство пред утрешниот собир на камионџии во Отава на протест против задолжителната вакцинација!
Постои загриженост поради паралелните групи за кои разузнавачите сугерираат дека исто така ќе се појават на протестот.
Камионџиите протестираат против новото барање кога влегуваат во Канада да бидат целосно вакцинирани од 15 јануари. Америка го наметна истиот услов за камионџиите кои влегуваат во земјата.
Групата ја повикува канадската влада да ја прекине употребата на сертификати за вакцини, да се откажат казните поврзани со коронавирусот и да ги вратат вработените кои биле отпуштени поради кршење на правилата за ковид.
Канадската алијанса за камиони проценува дека околу 15 проценти од камионџиите во Канада – дури 16.000 – не се целосно вакцинирани.
Еснафското здружение на камионџиите вели дека 90 отсто од членството се вакцинирани но постои малцинство кое не сака да биде вакцинирано.
Премиерот Џастин Трудо тврди дека опозицијата шири страв околу вакцинирањето а конзервативците ги поддржуваат камионџиите:
Многумина со екстремно десничарски ставови се приклучија на протестот. На онлајн видео се гледа човек кој изразува надеж дека собирот ќе се претвори во канадски еквивалент на бунтот на 6 јануари 2021 година во американскиот Капитол од страна на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Камионџиите пристигнуваат од различни делови на земјата, а на протестот во главниот град на Канада в сабота треба да се сретнат со противниците на задолжителната вакцинација.