Сутерен.мк

Роман на годината е „Денот на црвот“

Делото „Денот на црвот“ од авторката Симона Јовановска ја доби наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е издаден во 2021 година од страна на издавачката куќа „Или-или“, во едицијата „ПроАза“.

Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“, во издание на „Или-или“. Во 2021 го издава својот прв роман, „Денот на црвот“.

„Роман на годината“ се доделува по 23-ти пат, а покрај плакета и статуетка, Јованоска ќе добие и парична награда од 150 000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *